Бугарскиот премиер Бојко Борисов направи неочекуван популистички гест. Додека правеше увид на работите на еден автопат тој му го подари палтото на еден работник, кој е еден од повеќето што го градат автопатот без слободен ден.

При увидот, работникот го пофали Борисов за неговата убава јакна, а премиерот ја соблече и му ја даде.

Ви ја оставам и запалката, само дозволете ми да ја земам маската за да не ме казнат, рече Борисов прегрнувајќи го работникот кој заплакал на гестот на премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.