Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, сподели дека се слушнал со македонскиот премиер.

Пред неколку минути телефонски разговарав со Зоран Заев. Им изразив сочувство на граѓаните на неговата земја кои загинаа во несреќата на автопатот Струма. Верувам дека надлежните институции навремено ќе ги утврдат причините за инцидентот. Го уверив дека жртвите, сместени во УМБАЛСМ „Н. И. Пирогов“, ќе добијат најквалитетна медицинска нега, сподели Борисов во врска со страшната несреќа која се случи синоќа.

Претходно тој сподели дека изминативе 24 часа биле „црни за Бугарија“.

„9 лица загинаа во пожар во селото Ројак.

Четириесет и пет граѓани на Македонија ги загубија животите во запален автобус и сообраќајна несреќа на автопатот Струма.

254 жртви од Ковид 19.

Сочувство до нивните роднини. Бог да ги прости сите!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.