Претстојат два многу тешки месеци против многу, многу пари со кои се соочува ГЕРБ, парите на олигархијата. Ова го изјави за време на Националното собрание на ГЕРБ премиерот во оставка и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов.

Направив неприфатливи грешки, кои нашите европски партнери ги сметаат за успеси, им рече тој на партиските активисти. Според дописникот на МИА од Софија, Димитар Николов и Јорданка Фандакова, градоначалниците на Бургас и Софија се ослободени од функцијата заменик-претседател на ГЕРБ.

Борисов коментира дека не ја изгубил довербата во нив, но за работата на партијата било потребно време, а тие како градоначалници го немаат.

Во периодот во кој тие двајца ги водат овие градови, тие станаа многу подобро место за живот, направени се многу работи, рече тој.

Борисов го номинираше поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија, Даниел Митов, кој беше кандидат за премиер за време на 45-тото Национално собрание и вицепремиерот во оставка Томислав Дончев за заменици претседатели на ГЕРБ.

Со овој знак даваме јасен сигнал дека ГЕРБ е партија со јасна евроатлантска ориентација, смета Борисов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.