За прв пат работевме така како треба да работи една партија, по петти пат по ред победивме на парламентарни избори. Ги збришавме сите, изјави во видео обраќање бугарскиот премиер и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов по завршувањето на денот на изборите.

ГЕРБ денеска освои најголем број на пратенички места, но сепак околу 20 помалку од претходните избори, па Борисов ги повикува сите партии во широка коалиција.

-Ако имате 5% или 9% и да зборувате во име на народот, тоа е смешно. За мене е најдобро да се има најголема можна застапеност во парламентот, потенцира Борисов.

Ни претстојат најважните месеци од оваа година, Бугарија може да изгледа уште подобро и да се промени. Знам што кажувам и каква одговорност имам. Јас сум многу среќен што толку многу партии влегуваат во парламентот, затоа што ми се смачи сам јас да бидам одговорен. Наместо да се расправаме кој е поголем, да размислиме дали не можеме да се консолидираме во последните 8 месеци од годината, затоа што светот нè гледа, Европа нè гледа. Ако немаме стабилна политичка ситуација, бидете сигурни дека ништо нема да се случи, рече Борисов и ги посочи фондовите на ЕУ и „Зелениот договор“.

Одлучете се, веќе сте во парламентот, броите пратеници. Нели го сакавте тоа? Јас ви нудам мир, да ги составиме експертите заедно и до декември со максимална сила, да излеземе од пандемијата и да се издигнеме. Ова е мој предлог до сите. Да се ​​избере најдоброто што може да ја заврши работата. На крајот на краиштата, заедништвото ја прави силата, рече Бојко Борисов во изјавата дадена од дворот на неговата куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.