Бугарскиот премиерот, Бојко Борисов, смета дека граѓаните на Европа кои се вакцинирале против корона вирусот, како и за тие што прележале и имаат антитела треба да се направат електронски пасоши или зелен електронски коридор и да не им се наложува да прават ПЦР, да се ставаат во карантин или да им се попречува патувањето.

Борисов, ваквиот предлог го истакна на видео конференција на членовите на Европскиот совет, на која се дискутира за ова прашање.

Се согласивме со австрискиот премиер Себастијан Курц и со другите колеги, со нашите грчки пријатели, како ќе го наречеме – електронски, зелен пасош, но да им олесниме на сите што биле вакцинирани и болни да живеат нормален живот – изјави Борисов.

Во врска со непочитувањето на договорот за испорака на вакцини од страна на „АстраЗенека“ Борисов коментира дека се прави се што е потребно и се надева дека Европската Комисија ќе биде многу построга, па „ако треба ќе ги брани своите права преку суд“.

Ги потсетувам големите глобални компании дека инвестиравме за производство на вакцини. Не е фер ако некој даде повеќе пари од ЕУ за да им се испраќаат повеќе вакцини. Ова е дури и неприфатливо. Не е коректно, не е фер, не е правилно – истакна Борисов.

Според него, ЕК треба да биде „крајно сурова“ и истакна дека ја поддржува Урсула фон дер Лајен за сè во таа област.

Борисов додаде дека Бугарија е подготвена да испрати авион за да ги земе вакцините, бидејќи тоа ќе заштеди еден до два дена од превозот.

Со авион ќе ги испратиме најдобрите бугарски виролози за да можеме да ги почитуваме сите правила. И со ова темпо на вакцинација, два дена заштедени од доставата значат уште 40.000 вакцинирани бугарски граѓани – изјави бугарскиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.