Партијата ГЕРБ нема да поддржи ниту една одлука или политика на владата на Кирил Петков, изјави лидерот на партијата и поранешен премиер на Бугарија Бојко Борисов.

Според Борисов, основа за оставка на владата се разликите меѓу премиерот Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска на тема  Македонија.

Скандалозни се вчерашните изјави на министерката за надворешни работи. Ова во која било друга ситуација предизвикува пад на владата. Секаде во светот. Двојна скриена надворешна политика – рече Борисов, пренесе БНР.

Министерката Генчовска вчера изјави дека има сериозни разлики со надворешнополитичкиот тим на премиерот за прашањето кога Бугарија може да го укина ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Премиерот Кирил Петков за тоа што го кажа Генчовска рече дека секоја одлука за ова прашање ќе ја донесе Народното собрание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.