Политиката на проширување на Европската унија е главен инструмент за постигнување мир, стабилност и безбедност во Западен Балкан, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната средба во Брисел со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

– Бугарија отсекогаш била конзистентна во својата поддршка за регионот, врз принципот на сопствени заслуги, рече Борисов. Тој истакна дека проширувањето, и за Западен Балкан и за ЕУ, носи непроценливи придобивки, како што се предвидливост и просперитет.

– Очекуваме хрватското претседателство со ЕУ да постигне добри резултати за шесте земји од Западен Балкан на претстојниот Самит во Загреб во мај, изјави бугарскиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.