Претседателот на бугарската влада, Бојко Борисов на својот фејсбук профил на сите граѓани на оваа земја им го честиташе дено на бугарската просвета и на словенското писмо, како и на делата на браќата Кирил и Методиј.

– Честит ден на бугарската просвета и култура и на словенското писмо! Со чувство за национална гордост се поклонуваме пред делото на светите браќа Кирил и Методиј, благодарение на што денес се изразуваме слободно на својот мајчин јазик и го сочувавме нашиот духовен идентитет како народ и држава – напиша Бојко Борисов.

– Со длабока почит и благодарност им се обраќам на сите оние кои, како достојни следбеници на нив, продолжуваат да работат вредно за развој на образованието и културата во Бугарија. Срдечно им честитам на бугарските наставници и им посакувам да бидат здрави и горди на успехот на нивните ученици – додаде премиерот на Бугарија.

– Бидете сигурни дека образованието и поддршката на наставниците како гаранција за просперитет на државата останува водечки приоритет за нас во иднина. Бидејќи само за способната и учена личност не постојат многу далечни хоризонти. Честит празник! – вели Борисов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.