Маж(26) загина, а жена(25), која била во поодмина бременот, е тешко повредена во сообраќајната несреќа која рано утринава се случила на патот Крушевац – Ѓунис.

Во несреќата која се случи утринава пред 7 часот, кога се судриле автобус на крушевскиот „Југопревоз“ и автомобил „фиат пунто“, при што возачот на автомобилот загинал на лице место, а жената која била во поодмината брменост, која била во автомобилот со него, транспортирана е во болница, каде е породена со царски рез.

Бебето засега е стабилно и педијатрите ја надгледуваат неговата состојба, додека мајката е префрлена на Одделнието за хирургија – изјавиле од болницата во Крушевац.

Засега никоја не сака да дава било какви прогнози за состојбата на мајката и бебето.

Во фиатотот кој се судрил со автобусот се наоѓале четири лица, двајца мажи и две жени. Другите два патника се полесно повредени. Од автобусот само еден патник е полесно повреден.

До судирот дошло кога автобусот се излизгал на патот и поминал во спротивната лента, каде се судрил со патничкото возило и продолжил да се лизга на ледината крај патот.

Поради сомнеж дека возачот на автобусот извршил кривично дело, тешко дело против безбедноста  на јавниот сообраќај, на возачот одредено му е задржување од 48 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.