Клановите од Котор „Кавачки“ и „Шкаљарски“  седум  години воделе војна до истребување, поради кражба на кокаин, а според специјалното државно обвинителство на Црна Гора, биле идентификувани и кривично гонети вкупно 245 членови на двата клана, пишува црногорски Дан.

Поднесени се 13 обвиненија против 83 лица членови на кланот Скалјар и 14 обвиненија против 94 лица кои се членови на кавачкиот клан – наведува Дан во податоците на обвинителството. Да потсетиме, шеф на „Шкаљарците  е Јован Вукотиќ, кој беше во затвор во Србија и моментално е во бегство, а по него е распишана потерница. На чело на противничката група  се Слободан Кашчелан и Радоје Звицер.

– Кашчелан е во притвор во затвор во  Спуж од  додека Звицер е во бегство и по него е распишана потерница. Двајцата се товарат за создавање криминална организација, но и за убиство, киднапирање и други тешки кривични дела.

. Јован Вукотиќ има најмалку 105 луѓе под своја команда , додека Звицер и Кашчелан во своите редови имаат најмалку 140 идентификувани „војници“, кои во секое време се подготвени да ги извршуваат највалканите работи.

Слободан Кашчелан наводно ги создал двата криминални клана. Според упатените, до 2014 година имало само еден клан Шкаљарски но се скарале поради исчезнувањето на околу 200 килограми кокаин од  Валенсија. Наводно, Кашчелан потоа собрал околу себе „скалпери“ кои му биле лојални и го создале Кавачкиот клан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.