Лука Бојовиќ, кој беше уапсен во февруари 2012 година во ресторан во Валенсија, каде што седеше со пријателите, според сведочењето на шпанските агенти, кажал само една реченица кога се доближиле до неговата маса и тоа на српски.

– Ние сме војници-рекол Лука.

Тој навистина е војник и воената обука ја минал додека бил во Српската доброволна гарда на Аркан.

По апсењето тој три дена во притвор не јадел ниту пиеел, плашејќи се дека ќе му дадат нешто познато како „серум на вистината“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.