Американскиот државен секретар Ентони Блинкен предложи Хрватска да влезе во програмата за безвизен режим со САД.

Како што објасни во објавата на Твитер, овој чекор, кој значи патување без визи за хрватските граѓани, е направен затоа што е препознаен „огромниот хрватски напредок во исполнувањето на строгите стандарди за земјите учеснички во програмата“.

Блинкен додаде дека се радува на уште посилни односи меѓу САД и Хрватска.

Реагирајќи на објавата на Бликен, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека хрватските граѓани, кои ќе можат без пречки да патуваат во САД, ќе имаат најголема корист од укинувањето на визите.

Го потврдуваме партнерството меѓу Хрватска и САД и со нетрпение очекуваме понатамошен развој на економската соработка и деловните врски“, порача Пленковиќ на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.