Убиената старица 81-годишната Мајда Гаровиќ од Земун се дружела со Јелена Шапговиќ Дујовиќ која се сомничи за нејзино убиство.

Јелена која е осомничена за убиство на старицата, до пред неколку месеци живеела со сопругот во куќа спроти старицата. После разводот, Јелена се отселила од куќата, но со некогашната сосетка одржувала контакт.

Старицата на Јелена пред 8 месеци и оставила коментар на фотографијата која е објавена на Фејсбук.

Според досегашните сознанија на истрагата, Јелена и нејзиниот брат 21-годипшниот Момчило Дујовиќ, се осомничени дека ја убиле старицата, а потоа ја запалиле во контејнер во Крченда.

Две ипол илјади евра долг, како и вреден накит најверојатно се мотивот за убиството на Мајда од Земун, е првата полициска претпоставка.

Кругот на осомничени, освен братот и сестрата, наскоро ќе биде проширен за уште неколку имиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.