Првиот висок претставник во БиХ, Карл Билд, тврди дека Белград „кога-тогаш“ ќе мора да ја признае независноста на Косово и дека српскиот претседател Александар Вучиќ знае дека тоа е клучот на европскиот пат на Србија.

Вучиќ имаше сили да го стори тоа во еден момент, но тој ја пропушти таа можност – тврди Билд во интервју за сараевскиот портал „Политички“.

Поранешниот шеф на шведската дипломатија додаде дека е потребно да се спроведе она што е договорено одамна, и, како што вели, никогаш не било реализирано.

Тој додава дека многу од тоа е повторено во документите создадени по состанокот во САД.

На прашањето кој е реалниот исход и дали Белград и Приштина сакаат договор, Билд рече дека верува дека идејата за размена на територии била, како што наведува, „опасна диверзија која чинеше години и години и напредок во преговорите“.

Но, сега, додаде тој, особено оваа патека кон ЕУ мора да добие на интензитет и да започне да се движи напред, пренесува Танјуг.

На констатацијата дека дијалогот за српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, е платформа за барање независност на Република Српска, Билд вели: Косово е независна држава. Нема враќање на тоа прашање. Додик знае дека нема ништо од независноста на РС. Во секоја можна форма. Па, и Србија не би ја признала, тврди Билд.

Билд, кој денес е копретседател на Европскиот совет за надворешни односи, влијателна невладина организација која се занимава со рефлексии во надворешната политика, вели дека се чини дека ЕУ и САД конечно започнаа да работат заедно, но дека европската перспектива на регионот на Западен Балкан никогаш не била подалеку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.