Амбасадорката на Албанија во Грција, Ардиана Хобдари и генералниот конзул во Јанина, Первин Ѓикуриа денес се сменети од нивните функции, објавија албански медиуми.

Според информациите, одлуката за нивно сменување ја донел министерот за Европа и европски прашања, Гент Цакај.

Хобдари била вклучена во аферата со изгубените 100 пасоши и лични карти на албански имигранти во Грција. Исто така, нејзиното име е поврзано со сомневање за потрошени милиони евра за реконструкција на амбасадата.

Дополнително се истражува случај со нејзината скапа куќа во Атина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.