Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични, помали проблеми со срцето, но дека неговата здравствена состојба сериозно се влошила во петокот, кога решил да се обрати во Воената медицинска академија (ВМА) во Белград.

Веднаш по приемот, беше проценето дека претседателот на Србија е животно загрозен – изјави министерот Лончар.

Според него, Вучиќ добро реагирал на терапијата што му била пропишана и му било препорачано да ги намали своите редовни активности во наредниот период, со цел целосно да се опорави од влошената здравствена состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.