Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа се регистрирани 703 новозаболени од Ковид-19, а тестирани се 1.833 лица.

Во Федерацијата пријавени се 952 примероци, од кои 383 биле позитивни.

Досега тестирани се вкупно 194.588 примероци, а корона вирусот е потврден кај 26.740 лица. До денеска во Федерацијата излечени се 18.292 пациенти, а активни се 7.739 случаи. Во последното деноноќие во Федерацијата од Ковид-19 починале 12 пациенти, или вкупно 709.

Во Република Српска тестирани се 881 примероци, а позитивни биле 318 лица. Пријавени се шест смрни случаи. Досега во РС има 14.452 заболени, а починале вкупно 372 луѓе. Оздравеле 7.952, а тестирани се 96.588 лица.

Во Брчко има двајца новозаразени, а едно лице починало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.