На подрачјето на Федерацијата БиХ во изминатите 24 часа се регистрирани нови 582 лица позитивни на Ковид-19 од 2.485 направени тестови, а починале 63 пациенти. Новите случаи се забележани во сите кантони на Федерацијата, освен во Кантон 10.

Во изминатото деноноќие во Република Српска се направени 391 тест, а корона вирусот е детектиран кај 129 лица. За последните 24 часа се евидентирани 19 починати лица.

Во дистрикт Брчко има шест нови случаи на заразата, а исто толку лица оздравеле од вирусот, кој во последните 24 часа земал една жртва.

Досега во БиХ се направени вкупно 489.207 тестови од кои вирусот е потврден кај 94.513 лица. Заклучно со денешниот ден, во БиХ се излекувани 81.189 пациенти.

Како активни во моментот се водат 10.307 случаи, вкупниот број, пак, на починати лица во земјата од почетокот на пандемијата изнесува 3.017.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.