Дваесет и осум годишниот З.М. од босанскиот град Братунац е уапсен поради сомневање дека пред месец дена си го убил своето бебе.

Според медиумите од регионот, таткото го фрлил детето на креветот. Од ударот, бебето се здобило со тешки повреди и било однесено во болницата во Братунац, па потоа во Зворник, и на крај во Тузла, каде што бебето подлегнало повредите.

Од полициската станица во Зворник велат дека во полициската станица Братунац, на 24 март е пријавено дека во здравствената установа е примено бебе со тешки телесни повреди и дека постои сомневање дека повредите му се нанесени од З.М. кој што сега е уапсен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.