Цела Хрватска е на нозе откако четворица млади луѓе на возраст од 20 до 29 години до смрт го претепале 35-годишниот Нино Ченгиќ, професор по англиски јазик од средното Економско училиште во Вараждин. Како што пишува Јутарњи лист, oд минута во минута кружат нови, неофицијални информации во градот за деталите за убиството. Професорот бил претепан до смрт од три млади момчиња и една девојка, кои безмилосно го удирале по главата и телото со дрвени палки и катанец со ланец.

-По шпекулациите дека крвничкото тепање кое доведе до смрт на младиот професор може да има врска со убиството што неговиот татко го извршил минатата година во Меѓумурје, кога тој убил 28-годишник со пиштол, други приказни почнаа да се шират низ градот, наведува весникот. list.

Една од нив е дека професорот ја поминал вечерта во клубот Културана, каде доста пијан ја провоцирал и бил непристоен кон девојката А.В. (24). Таа и нејзиното друштво го избркале од клубот, поради што тој повикал полиција, пишува порталот ХРТ.

-Полицијата дошла, направиле записник и си заминалеа. Професорот останал во кафулето, по што околу 4 часот изутрината четворицата млади луѓе го нападнале. До смрт го удирале со палки, катанец со ланец. Потоа му го искршиле мобилниот телефон и го оставиле покриен во картони. Целиот случај, наводно, е снимен на мобилен телефон, пишува Jutarnji list.

Кривичната истрага е завршена и сите четворица се во притвор со кривична пријава за убиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.