Од денеска стапија на сила новите мерки што црногорската влада ги донесе за спречување на ширењето на корона вирусот. Предвидено е мерките да важат до 20 август.

Влегувањето во внатрешноста на рестораните, како и ноќните клубови и дискотеки, е дозволено само со најмалку еден од следните четири докази: дека лицето е целосно вакцинирано или примило прва доза вакцина, да има негативен ПЦР-тест на Ковид-19, кој не е постар од 72 часа, доказ дека лицето го прележало Ковид-19, доказ за негативен брз тест за антиген, не постар од 48 часа.

Сите вработени во угостителството мора да исполнуваат еден од овие услови.

Сопствениците на објектите се должни да назначат лице што ќе го контролира поседувањето докази за вакцинација или негативни тестови.

Малолетниците не се обврзани кон исполнување еден од горенаведените услови, освен кога влегуваат во дискотеки или ноќни клубови.

Под истите услови дозволено е присуство на спортски настани на отворено и затворено. Масовните собири и фестивали што не може да се контролираат се одложени за 20 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.