Беспилотното летало што падна во Загреб синоќа е од советско производство објави Н1 повикувајќи се на неофицијални информации. Како што објави Н1 се работи за беспилотно летало, од советско производство, најверојатно во сопственоост на руската или украинската армија кое се корист за извидување. Образложението како се нашло тука е дека или останало без гориво или без ориентација или се расипало.

Сè уште нема официјални информации што е објектот кој доцна синоќа се урна во населбата Јарун во Загреб. Н1 објави дека Министерството за внатрешни работи соопшти дека имало на адресата „Јарунска бб“ пронашле кратер, додека во пошироката зона пронашле два падобрани за кои претходно добиле пријави од граѓани и упатија апел до граѓаните да не споделуваат снимки/фотографии од местото на настанот преку социјалните мрежи.

Од Министерството за одбрана на Хрватска засега ниту го потврдуваат ниту го демантираат настанот, а министерот за одбрана Марио Баножиќ кусо изјави дека „Министерството за одбрана спроведува истражни дејствија“.

Повикувајќи се на експерти Н1 јави дека дометот на вакви летала е 1 000 километри, и е на млазен погон, нема тркала за вообичаено слетување, туку тоа го прави со падобрани што го објаснува податокот дека во околината се пронајдени два падобрани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.