Таткото на Нинослав Јовановиќ им се заблагодари на своите соседи што го
пријавиле неговиот син на полицијата за да може побрзо да го уапси, и побара
најстрога казна за него.

Се молевме тоа мало девојче да биде живо и здраво, а за него, тој своето го
заврши. Навистина ми е син, но заслужи најстрога казна, на бесилка, по турски рецепт – порача таткото на Малчанскиот берберин.

Неговата снаа побара само да продолжат со нивниот нормален живот.

Јас сум мажена за неговиот роден брат, имаме две деца, ние сме нормално семејство. Мило ми е што конечно е упасен, за ние да си продолжиме со животите- рекла таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.