Поранешниот албански премиер, некогашен шеф на државата и почесен претседател на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, говорејќи за катастрофалниот земјотрес, што ја погоди земјата на 26 ноември, како и за бројот на жртвите во Туман, кажа тешки обвинувања против премиерот Еди Рама.

Според Бериша, дел од загинатите во земјотресот се убиства на државата, бидејќи зградите во Туман не биле подготвени за живеење поради големите оштетувања од септемврскиот земјотрес, а „државата ги оставила граѓаните да умрат“.

Владиниот фонд за резерви, кој се состои од вашите даноци, Рама го искористи за луксузна оргија и многу повеќе. Знаете дека некои од убиствата во земјотресот се убиства на државата. Но, зошто тие се убиства на државата? Бидејќи зградите во Туман не беа безбедни за живеење, поради големите оштетувања од септемврскиот земјотрес. Овие 24 лица кои загинаа, доколку не беа во тие објекти ќе беа живи. Рама минува 10 часа на екраните за да ги затскрие сопствените кривични дела. Тој нема душа, неговата душа е катран. Земјотресот беше природна катастрофа, но Еди Рама е национална катастрофа од секаков вид, обвини Бериша.

Претходно и лидерката на третата по големина политичка партија, опозициското Социјалистичко движење за интеграција, Моника Круемади, изјави дека за загубените животи, во Драч, Туман и Тирана, виновник не бил земјотресот, туку самиот премиер Еди Рама.

Оцени дека ситуацијата стигнала до такво ниво, заради ненавременото делување на владата и на другите државните институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.