46-годишниот Нинослав Јовановиќ, осудуван силувач на девојчиња е осомничен дека веќе шест дена како заложник држи ученичка од околината на Ниш, која ја пресретнал на пат до училиште, ја ставил во своето возило и ја однел.

Нинослав, во Србија нарекуван Малчански Бербер, кој е веќе осудуван за силување на две 12-годишни девојчиња, ја киднапирал 12-годишната Моника Каримановиќ во петокот во Суви Дол кај Ниш, а полицијата трага по него и верува дека девојчето ќе го пронајдат живо.

Се уште го бараат моето дете! Само да е жива! Се ќе се залечи, се заедно ќе преживееме, само она жива да ми се врати. Живеам само повторно да ѝ го слушнам гласот. Се прашувам низ какви маки детето сега поминува – рекла за Курир.рс расплаканата Александра, мајка на Моника Каримановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.