Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, која ја предводи обединетата албанска опозиција, за ескалирањето на протестите со насилно однесување врз објектот на Владата го обвини премиерот Еди Рама за „добро органзирано сценарио“.

-Ова е застрашувачко сценарио на Еди Рама, за да ја донесе ситуацијата до оваа точка. Протестот започна многу мирно, со врачување цвеќе на полицајците, но тоа беше сценарио на Рама, да ја предизвика оваа ситуација, изјави Баша.

Тој не посочи краен рок кога и како протестот би можел да заврши и уште еднаш истакна дека премиерот Еди Рама треба да биде изведен пред лицето на правдата.

-Луѓето имаат право да протестираат и сами да одлучат колку долго ќе останат тука. Еди Рама сега требаше да биде пред лицето на правдата, а не во Валона, бидејќи мора да даде сметка за тоа што ја остави државата во рацете на криминалот, изјави Баша за Топ чанел.

Состојбата пополека се смирува,но демонстрантите се уште се пред Владата, каде полицијата фрла солзавец. Во обезбедувањето се вклучја и припадници на Националната гарда.

Симпаризери на албанската опозиција успеаја претходно, да пробијат полициски кордон пред зградата на Владата и се обидуваа да ги отворат вратите, каде се наоѓа кабинетот на премиерот Еди Рама. Демонстрантите бараат негова оставка. Поддржувачите на опозицијата се упатија кон зградата на паралментот откако претходно фрлаа со Молотови коктели и сигнални ракети.

Според последните информации повредени се најмалку десет лица меѓу нив и еден новинар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.