Првиот човек на СБПОК, Нинослав Чмолиќ денеска откри дека конечниот датум на доаѓањето на лидерот на Земунскиот клан Лука Бојовиќ е 30 ноември.

Чмолиќ истакна и дека припадниците на МУП се свесни дека животот на Бојовиќ е во опасност.

-На 30 ноември Лука Бојовиќ ќе биде депортиран во Србија, ќе го чека полиција, ќе му бидат издадени документи. Нашата полиција знае дека неговата безбедност е загрозена, но тој е слободен човек – вели Нинослав Чмолиќ за ТВ Прва.

Лука Бојовиќ е осуден на 18 години затвор во Шпанија, а му остануваат уште две години затвор кои ќе ги помине на слобода, под услов да не стори ново кривично дело, но и да не го повтори она за кое тој е осуден пред шпанските истражни органи – да не продава дрога и оружје.

Бојовиќ веќе изјави дека иако е слободен човек во Србија, никогаш не сака да се врати овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.