Дека Балканците секаде се исти докажува и пишувањето на германскиот весник „Шпигел“. Тој открива дека во Германија оперира т.н „Багер мафија“ која на измама краде градежни машини тешки по неколку тони и вредни по 200. 000 евра.

Се прашувате како е тоа можно. Преку украдени документи измамникот изнајмува багер за изградба на стамбен комплекс преку нормална процедура од најпознатата фирма за таа намена „Cepelin“. Кога рокот треба да се врати машината истекува фирмата се јавува кај изнајмувачот но тој нема појма дека сторил такво нешто.

Додека се свестат, машината расклопена завршува во Србија и Босна и Херцеговина. Новинари од „Шпигел“ дури и ги пронашле на градилишта на Балканот но процедурата за докажување е сложена а на газдите и не им се исплати да почнат бидејќи машините и онака се осигурани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.