Српскa државјанка загина, а две лица се повредени откако автомобил со новопазарски регистарски таблички излетал од патот Подгорица-Колашин, јавуваат подгоричките медиуми.

Во автомобилот „опел“ кој утрово излета во кањонот Морача се превезувале 34-годишна жена, нејзиниот сопруг и 14-годишниот син. Жената починала, а таткото и детето се повредени.

Жељко Дармановиќ од Службата за заштита и спасување од Колашин за радио Антена М изјави дека за несреќата биле известени со повик во 9.13 часот.

Тој смета дека автомобилот излетал во кањонот и дека никој не го видел. Таткото иако бил повреден успеал да се искачи по лизгавиот терен на околу 150 метри до автопатот, каде го запрел сообраќајот.

Момчето кое има повреди на колкот и карлицата било извлечено околу 11 часот, додека телото на повредената е извлечено час и половина подоцна.

Дармановиќ изјавил дека во акцијата за спасување учествувале голем број пожарникари и дека помогнала и полицијата.

RELATED ITEMS:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.