Во тунел во Швајцарија се запали и изгоре автобус со кој средношколци од хрватскиот град Сплит се враќале од одмор во Швајцарија.

Несреќата се случила во тунелот Шалберг во областа Симплон.

Но, ниту еден од учениците не е повреден затоа што успеале на време да избегаат од запалениот автобус. Пожарот избувнал од надвор и автобусот се запалил додека бил во тунелот.

Повеќето ученици останале без документи и лични предмети, па дури и без јакни, а се сместени во противпожарен дом во близина на местото Бриж. Децата таму добиле топли напитоци и оброк.

Родителите се загрижени и не знаат како децата без документи ќе ги преминат границите кон Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.