Кај Лептокарија во Грција, синоќа, околу еден часот по полноќ целосно се запалил автобус кој враќал туристи од летување од грчкиот остров Егина, јавува српски Телеграф. Во автобусот имало 47 патници и никој не е повреден, благодарение на брзата реакција на воачот.

Како што се наведува на Фејсбук групата „Грчкаинфо“, до инцидентот дошло на час и половина оддалеченост од грчката граница, кога автобусот кој возел со брзина од околу 90 километри на час, поминал преку жичен душек за кревет кој очигледно на некого му испаднал по пат. Душекот се заглавил меѓу тркалата на автобусот.

 

 

Федерите од душекот направиле искри и автобусот со голема брзина се запалил.

Една од патничките, Гордана Ѓуриќ, вели дека сите патници се добри, благодарение на возачот Зоки.

Да не беше Зоки, присебниот возач, веројатно никој не би преживеал. Огнот го зафати автобусот и луѓето почнаа панично да викаат и едни преку други да го напуштаат автобусот. Возачот, кој се наголта дим, до доаѓањето на пожарникарите, безуспеш но се обидуваше да го ублажи огнот кој со голема брзина се рашири. Кога стигнаа пожарникарите и огнот беше изгаснат, возачот го скрши багажникот, влезе во него и почна да ги вади куферите. По два ипол часа стоење на грчкиот автопат, агенцијата и возачот организираа автобус за враќање во Србија“, напишала Ѓуриќ на Фејсбук страницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.