Со цел сузбивање на пандемијата со коронавирус Австрија го прошири списокот на земји за кои важи забраната за слетување на австриските аеродроми на сите земји од Западен Балкан.

Со нова уредба на Министерството за здравство листата е проширена од осум на 18 земји.

Од четврток на австриските аеродроми нема повеќе да може да слетуваат авиони од сите земји од Западен Балкан, Бугарија, Романија, Молдавија, Египет. Претходно забраната важеше за четовите од Белорусија, Кина, Велика Британија, Иран, Португалија, Русија, Шведска и Украина.

До крајот на јули ќе бидат укинати летовите од и кон Белград, Букурешт, Каиро, Подгорица, Сараево, Скопје, Софија, Тирана и Варна.

Според одредбата постојат исклучоци, но во нив спаѓаат само „летовите кои ја интересираат Австрија“, како и слетување на теретни авиони, авиони кои префрлаат заболени или враќаат австриски државјани, односно превезуваат медицински и здравствен персонал, како и работници за помош во земјоделието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.