Кратко по полетувањето од аеродромот во Белград, на летот на компанијата „Ер Србија“ кон Москва, стигнала дојава за бомба во авионот, објави РТС.

Според безбедносните процени, авионот веднаш бил вратен назад на аеродромот во Белград.

Патниците и членовите на екипажот безбедно биле евакуирани од авионот, а потоа специјалните тимови на српското МВР ја почнале деталната проверка на авионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.