Во Словенија пристигна нова пратка од 14.400 дози вакцини против Ковид-19 од комапнијата „АстраЗенека“.

Како што соопшти денеска словенечкиот Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ), во земјата ќе пристигнат 100.000 дози вакцини помалку од првично најавеното, односно вкупно ќе бидат доставени 45.860 дози, вклучително и веќе испорачаните вакцини.

Неколку земји-членки на Еу привремено ја суспендираа употребата на вакцината на „АстраЗенека“ поради појава на згрутчување на крвта кај лицата што ја примиле дозата.

Директорот на НИЈЗ, Милан Крек, изјави дека за евентуална суспензија на употребата на оваа вакцина ќе дебатира советничката група и за нивната проценка ќе го информира министерот за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.