Жељко Ражнатовиќ Аркан ја создал една од најозогласените групи за крадење на накит и дијаманти „Пинк Пантер“, пишува весникот Ало.рс“. Првите Пинк Пантери биле ветерани во војната во СФРЈ во деведесеттите години. Предводник на оваа група бил токму Аркан.

Сепак многумина од првата постава на Пинк Пантерите се или умрени или пак се префрлени во бизнисот со дрога а сега на сцена се некои нови момци, воглавно од Црна Гора.

Соработниците на Аркан често и не се знаеле меѓу себе бидејќи секој имал своја задача. Еден ја пронаоѓа “метата“ , друг ја ограбува, трет ја предава…

Купци на „робата“ биле најчесто богаташи од поранешниот Советски сојуз и Блискиот Исток.

Сепак дел од крадците морале прво накитот и дијаманитите да му ги понудат и покажат на Аркан бидејќи бил љубител на луксузни парчиња.

Се смета дека дури големиот крст што го носел Аркан на свадбата со Цеца е „дело“ на Пинк Пантерите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.