Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови со вода, заврши протестот пред грчкиот Парламент во центарот на Атина против вакцината и против задолжителната имунизација.

Инцидентите започнаа кога демонстрантите почнаа кон полицијата да фрлаат предмети и шишиња, по што специјалните сили одговорија со солзавец и шок бомби, а тензијата од пред Парламентот се пренесе и по околните улици.

Полицијата интервенираше и со неколку цистерни со топови вода, а уапсени се најмалку две лица.

Денешниот протест беше организиран преку социјалните мрежи, од една страна од оние кои се целосно против вакцината и од друга од оние кои не се против вакцината, но не се согласуваат со задолжителната вакцинација.

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.