Без резултат заврши 14-тиот состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Република Македонија.

Како што информира дописникот на МИА од Софија, по завршувањето на дводневниот состанок на видеоконференција, копретседавачот на комисијата од бугарска страна проф. Ангел Димитров посочи дека вистинскиот проблем е одбивањето да се занимаваме со конкретни теми, проблеми, а работите да се сведат на специфична условно – теоретска рамка.

Според проф. Димитров, „нашиот обид да ги натераме барем да вметнат нешто специфично за лекцијата за цар Самоил во нивната теоретска рамка, исто така, не најде согласност и разбирање. Ова е реалната состојба“.

Како што пренесува БНР, следниот состанок на Комисијата се очекува да биде во средината на октомври. Проф. Ангел Димитров изрази надеж дека летните месеци ќе дадат можност да се преиспита овој став за работа и да се направи некој чекор, додавајќи дека се надева дека тоа ќе биде чекор напред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.