Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вечерва на социјалните мрежи се надоврза на барањата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов и побара на таблите на сите споменици во Македонија поимот „бугарски окупатор“ да се замени со „бугарска администрација составена главно од Македонци“.

Очигледно за многу наши соседи во Скопје, митовите за комунистичкиот отпор се основа за нивниот „етнички идентитет“. Затоа, за да ги „погребамее“ митовите за „првата пушка“ и целата митологија, но и да бидеме барем малку пообјективни кон историските факти, предлагам на владата во Скопје сите плочи на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“ да се заменат во „германскиот нацистички окупатор на Кралството Југославија и привремената бугарска администрација составена главно од Македонци“.

За да се избегне гневот, можат да се направат неколку споменици во западна Македонија со „италијанскиот фашистички окупатор“.

Јас дури предлагам темата да се дискутира со германските власти што е можно побрзо, со цел да се покријат трошоците за замена на стотиците споменици и плакети низ цела Македонија“, напиша вечерва Ковачев на Фејсбук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.