Даглас Мегрегор, новоименуваниот амбасадор на САД во Германија призна дека официјален Вашингтон направил грешка со Косово.Тој како полковник на војската учествуваше во НАТО бомбардирањето на Србија во 199 година. Тој тврди дека САД убивале православни христијани за на таа територија да направат мафијашка муслиманска држава, пренесува „Информер“.

Тој доаѓа како амбасадор во Германија на местото на Ричард Гренел кој ќе ги води преговорите меѓу Белград и Приштина.

Мегрегор бил задолжен за планирање на воената интеренција на Косово и за тоа доби медал.

Американците интервенираа против православните христијански Срби на Косово  и поставија муслиманска држава за раководење и тоа го нарекоа успех  за демократијата.Тие луѓе кои сега владеат со Косово никогаш не биле наши пријатели. Тие се неизлечиво непријателски расположение. Говорам за сунитските исламисти-признава амбасадорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.