Американскиот актер и продуцент, Дон Виктор Систернино (45), познат по улогата во серијата „Служба за итни случаи“, е уапсен на хрватско-словенечката граница по потерница издадена од САД. Тој бил приведен пред два дена при влегување со автомобил од Словенија во Хрватска преку граничниот премин Бреганe.

Систернинo, кој во последните неколку години беше консултант во филмската индустрија и уметноста преку неговата компанија „Магнифико“, е обвинет за проневера на државен заем од 7,2 милиони долари, што неговата компанија го доби минатата година според законот за поддршка на претприемачи погодени од пандемијата.

Според обвинението поднесено против него од обвинителството во Орландо, Систернино ги потрошил парите што ги добил на измама затоа што фиктивно го зголемил бројот на вработени во неговата компанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.