Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким е позитивна на Ковид-19, објави таа на Твитер.

Иако не дава детали за симптомите или состојбата, американската дипломатка пишува дека следните денови ќе биде во самоизолација и оти од дома ќе продолжи своите должности.

Таа упати апел до сите да внимаваат на здравјето со почитување на мерките за заштита од опасниот вирус.

Пријатели, сакав да ве известам дека имав позитивен резултат на тестот за Ковид-19. Ќе продолжам да работам од дома, каде ќе бидам во самоизолација во следните дена. Ви благодарам за вашите желби и ве молам, бидете внимателни за вашето здравје, напиша амбасадорката Ким.

Од 28 минатиот месец позитивен на Ковид-19 е и амбасадорот на Европската унија во Тирана, Луиџи Сореца.

Во Албанија по новогодишните и божикните празници бројот на новозаразени е во постојан раст, посебно во овој месец. Официјалната статистика потврдува дека за 11 дена од месецов регистрирани се околу 12.000 новозаразени со тенденција на постојан раст

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.