Амбасадорот на Европската Унија во Косово, Томаш Суниог го повтори повикот за намалување на тензиите во северно Косово и побара од Приштина и Белград да се вратат на преговарачката маса, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговиот Твитер, Суниог информира дека за евроинтеграциските процеси и за потребните реформи во тој правец разговарал со Комисијата за европски интеграции и со косовскиот законодавен дом.

Разговарав со Комисијата на Косово за европски интеграции за прогресот во правец на ЕУ и го повикав Собранието да им даде приоритет на реформите поврзани со ЕУ. Разговаравме и за ситуацијата на северот од земјата и ги повторив барањата за враќање на дијалогот“, напиша Суниог.

На косовскиот север, населен со мнозинско етничко српско население, веќе 15 дена се одржуваат протести против градоначалниците Албанци во тамошните четири општини, кои во април годинава беа избрани на вонредните локални избори, кои Србите ги бојкотираа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.