Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти, со статус на Фејсбук повикува на вонредни парламентрни избори во неговата земја, а како аргумент плус го наведува тоа што неколку земји, меѓу кои и Македонија наскоро ќе органзиираат избори.

Денеска се навршија два месеца од изгласувањето недоверба. На 25 март на здравствената се надодаде и политичка криза. Меѓутоа ние се изборуваме. Вчера беше првиот ден, од 13 март, без заразени од коронавирусот. Институционален грч? Не е вистина. Несогласувања има, но има и решение. Согласно нашиот Устав, потребни се нови избори. Тие веќе се одржуваат низ Европа. (…) Избори ќе има во јуни во Исланд, Франција и Србија, додека во јули во Северна Македонија, Шпанија и Хрватска. Треба да имаме (парламентарни) избори и ние во Косово, а и локални во Подујево. Дури, може и во исто време, напиша Курти.

Политичките лидери засега немаат договорено датум за парламентарните избори во земјава и конечниот датум не е јавно соопштен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.