Невремето, проследено со дожд и силен ветер, што условува немирно море со високи бранови, го отежна поморскиот сообраќај од Албанија кон Италија и кон Грција, и обратно.

Траектите на релација Бари – Драч, како и Брндизи – Валона, кои сега се преполни со печалбари кои за престојните празници доаѓаат во родниот крај, пристигнуваат со големо задоцнување.

Поради неповолните услови за пловидба привремено е издадена наредба за забрана за испловување од албанскиот брег на сите видови пловни објекти, вклучувајќи ги и рибарските бродови

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.