Италијанската полиција во градот Мјештре уапси албанска брачна двојка и запленила дрога вредна милион евра.

Според албанските медиуми кои се повикуваат на италијанската полиција запленети се над 80 килограми дрога, вклучувајќи марихуана, хашиш и кокаин.

Брачната двојка го привлекла вниманието откако се обиделе да го сменат правецот на движење кога го здогледале контролниот пункт на карабинерите кои вршеле проверки во Мјештре, но автомобилот сепак бил запрен, јавуваат медиумите.

Дрогата била откриена, дел во автомобилот во кој биле сопружниците, дел во автомобил паркиран во дворот на нивната куќа, во оџакот, а останатата количина во депо на оддалеченост од неколку километри од домот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.