Албанскиот експерт за меѓународни односи, Ардиан Штуни изјави дека Албанија е земја со најголем број радикализирани лица во Европа што се поврзува со „криза на идентитетот кај Албанците“

-Прашањето кое треба да се постави е фактот зошто толку голем број Албанци одат во Сирија. Ние сме земја со најголем број радикализирани во Европа. Сè е поврзано со кризата на идентитетот од страна на Албанците. Сузбивањето на проблемот со екстремизмот бара голема финансиска поддршка, изјави тој за Њуз 24 преку скајп врска од Вирзија,САД.

Тој смета дека дерадикализацијата е можна, но не е загарантирана, при што го посочува примерот со теросрстичкиот напад во Виена, извршен од лице по кое било упасено во Турција, влегло во програма за дерадикализација,но тоа не дало успех.

-Не е лесно да се работи со овие типови. Дерадикализацијата е можна, но не е загарантирана. Не само затоа што се сиромашни. Не е точно дека луѓето се свртуваат кон радикализација поради економски проблеми. Има етнички, социјални групи, како што се Ромите, кои се помалку интегрирани во однос на вработувањето. Како можеме да го објасниме ова?! Зошто не отидоа да војуваат во Сирија,запраша тој.

При тоа дава, како што вили, еден едноставен пример.

-Јас давам еден едноставен пример а тоа е Лавдрим Мухаџери (од Качаник, водач на албанските џихадисти) кој работел во Бонстил, потоа како консултант во Авганистан и можам да кажам дека имал поголема плата од министрите во Косово. Тој не беше сиромашен. Бин Ладен беше мултимилионер. Покомплицирано е. За мене стои прашањето што се однесува директно на периодот сега е: зошто ова се случува сега со Албанците? Тоа е она што најмногу ме погодува, се обидов да го разберам, но, нема едноставен одговор, посочува Штуни,додавајќи дека не треба да се отфрли како причина и сиромаштијата.

Оценува дека се соочуваме со криза на идентитет насекаде, дека тоа се гледа кај Албанците,кои масовно ја напуштаат земјата исто како и Босна и додава дека овие проблеми започнале по падот на комунизмот, кој ги држел работите под контрола.

-Немаше верски организации за индоктринација на луѓето. Проблемот во суштина бара експертиза, финансирање. И суштинскиот проблем е што нема финансирање. Ова не треба да се третира од апсект на јавно прашање, вели тој.

Порачува дека ова прашање бара сериозен став, зашто бројот на радикализирани не е мал

-Треба да разбереме зошто „спиевме“, зошто заспавме. Затоа, велам, не се занимавајте само со јаболкото, туку со дрвото. Уште од затворите продолжуваат да се радикализираат. Затворот не го решава проблемот. Нема

вакцина за овој проблем, кој се акумулира долго време, рече Штуни.

Претходно албанскиот експерт по безбедносни прашања, Арјан Дурмиши, изјави дека на Балканот има 5 милиони парчиња оружја во рацете на цивилите и оти ИСИС се обидува да ги искористи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.