После 10-те илјади дози „Спутник В”, кои Албанија ги доби донација од Обединетите Арапски Емирати, деновиве, Владата ги задолжени министрите за здравство Огерта Манастирлиу и за обнова Арбен Ахметај, да преговараат со руските власти за набавка на вакцината Спутник.

На почетокот беше спомената количина од 50 илјади руски вакцини, но албанската влада сè уште не соопшти детали за постигнатиот договор, но затоа итно го одобри нормативниот акт за одобрување на договорот. Овие вакцини ќе се купуваат со пари од владиниот резервен фонд.

Во земјата непречено се одвива имунизација и од 11 јануари, кога почна овој процес, опфатени се над 270 илјади лица.

Продолжуваме со масовната вакцинација на населението и достигнеме над 270 илјади вакцинации. Успеавме да вакцинираме со првата доза над 200 илјади стари лица. И ние ќе продолжиме да бидеме исто толку внимателни за продолжување на ревакцинацијата со втората доза. Ветувањето за 500 илјади вакцинирани до мај станува реалност, рече министерката Манастирлиу.

Според неа со имунизацијата се опфатени и околу 37.000 здратсвени и 27.000 просветни работници, околу 11.000 полициски службеници и припадници на Националната гарда, како и вработени во градинки.

Досега во Албанија пристигнати се 396.560 дози вакцини а Владата има договор за набавка на повеќе од 2,1 милион дози, половина од нив од кинеско производство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.