Албанската полиција во заедничка акција со припадници на Секторот за стопански и финансиски криминал при Полицискиот комесаријат во Елбасан, заплени канти со сирење прошверцувани од Македонија.

Станува збор за 142 канти со сирење, но не се наведува вкупната тежина на запленетата стока.

Шверцуваната стока била откриена на патниот правец Либражд – Елбасан, при контрола на возилото со кое управувал 32-годишен жител на Тирана, кој е приведен.

Доказниот материја е доставен до Обвинителството при Основниот суд во Елбасан, а осомничениот ќе одговара за „трговија и транспорт на шверцувана стока“ и „затајување приходи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.