Албанската полиција на граничниот премин Морина, на албанско-косовската граница ја приведе косовската пејачка, Фјола Морина, откако се обидела да влезе во Албанија со огнено оружје-пиштол, пренесе Ора њуз.

Пиштолот бил пронајден во чантата на пејачката, додека при контрола на автомобилот бил пронајден и пиштол, на изглед како запалка.

При извршената контрола на втората линија, во чантата на Ф.М. (34) жителка на Приштина, Косово, граничната полиција пронајде и заплени како доказен материјал огнено оружје тип „зораки“ со 23 куршуми. Додека во багажникот на возилото е пронајдена и пиштол на изглед како запалка, информира полицијата од Кукс.

Притворени се и сопатниците Ф.М.(29), жител на Косово и Ф.С. (29) од Белгија. Сите ќе одговараат за кривично дело „трговија со оружје и муниција“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.