Во последното деноноќие во Албанија се регистрирани 178 новозаразени со Ковид-19, што е највисока бројка во едно деноноќие до сега. Направен е и рекорден број на тестирања, вкупно 947. Во исто време починати се четири лица додека оздравеле 81.

И понатаму главни жаришта на болеста остануваат Тирана и Драч, со 50 односно 14 од новозаразените, останатите се речиси од сите делови на земјата.

Од почетокот на пандемијата, првите денови на март до сега, направени се 57.004 тестови, позитивни биле 8.605, оздравеле 4.413, додека починале 254 лица.

Активни на болеста се 3.938 лица. Продолжува трендот на зголемена бројка на заразени на кои им е неопходен болнички третман. Моментно во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Нроќи“ или ковид два хоспитализирани се 151 лице, од нив 20 во тешка состојба. Само во последните четири дена бројот на хоспитализирани е зголемен за четириесеттина пациенти, – наведува Министерството.

Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу денеска најави нови вработувања на здравствени работници, по поголемата група медицински сестри кои беа вработени неодамна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.